Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист-фитнес тренер: храна, рекреација, он-лине фитнес часови во изолација

Самиот престој во изолација или како сега е популарно наречено “СЕДИ ДОМА“, а тоа важи за најголем број на населението во државата, донесе некои промени, прво во навиките на сите нас кои  секогаш некаде брзавме, а сега сме дома, промени во начинот на водење на бизнис или одење на работа со ново работно време, промени во исхраната, промени до начинот на практикување на спорт или рекреација.

Како нутруционист и фитнес тренер ќе ви препорачал неколку совети поврзани со храната и спортско-рекреативните активности завреме на изолација, кога сме дома:-Здравата исхрана е важна не само за вашето физичко здравје, туку и за психичкото. Здравата диета го намалува ризикот од хронични болести како кардиоваскуларни болести, диабетес и дебелина, но исто така и депресија и анксиозност, па затоа практикувајте и сега во изолација.

-Избегнувајте обработена храна затоа што таа најчесто содржи многу шекер.

-Најдобрата храна за нашето ментално здравје е најздравата храна. -Комплексните јаглехидрати од овошјето, зеленчукот и житарките, обезбедуваат храна за нашите мозоци, постепено ја ослободуваат енергијата и го стабилизира и расположението.

-Балансираната исхрана треба да вклучи и мешавина на храна богата со витамините А, Б, Ц, Д и Е, како и минералите железо, цинк и селениум, бидејќи така го одржуваме и цревното (стомачното) здравје кое има големо влијание врз нашето расположение и однесување. -Сонот е клучен за нашето тело да ги обновува клетките, да се чисти од отрови. За повеќето луѓе доволни се меѓу 6 и 9 часа ноќен сон

-Вежбањето ослободува хемикалии во телото кои ни даваат позитивно чувство, а го подобрува и сонот, ги намалува стресот и стравовите, а можете и да вежбате сами коги нема екипните спортови и фитнес центрите се затворени.-Фитнес инструктори- јога и пилатес, лични тренери, танц тренери, ги нудат своите часови он-лајн, бесплатно. Ви треба само пешкир на подот и добра интернет врска.

-И на крај намалете со гледање вести и разно-разни информации за корона вирусот, СЕДИ СИ ДОМА.

За совети за исхрана и диет програми, нутрициониста Тоше Соколов
Мобилен број 070 / 355-654
Или на фб страна Витаф диет 100%