Press "Enter" to skip to content

Уште за две лица за прекршување на полицискиот час во Битола ОЈО побара казни по 2.000 евра

На 31.03.2020 година обвинетите  во одделни кривично правни настани, не постапиле според Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.  Двајцата обвинети, без дозвола за движење за време на полициски час, се движеле со возила по улиците на градот, со што не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест предизвикана од коронавирусот.

Заради стореното кривично дело, обвинителството на Судот му предложи, на обвинетите да им изрече парични казни  во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.