Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Линда Мемиќ – “VIP“ бутик

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Со воведување на вонредната состојба уште од првиот ден затворија продавниците, а секако и бутиците, па така и бутикот “VIP“ кој се наоѓа на Широк Сокак почитувајќи ги препораките и забраните, во врска со заштита и ширење на коронавирусот беше затворен.

Вонредната состојба го промени начинот на работа со тоа што веднаш од “VIP“ бутикот започна со “он-лајн“ продажба.Сопственичката на “VIP“ бутикот, Линда Мемиќ, за состојбата во која се најдоа вели:

-Во насока на преземање на превентивни мерки со цел заштита на општото здравје, бутикот “VIP“ за времетраење на истите изврши промена и реогранизација на своето работење така што започна со “on-line“ продажба на целокупниот продажен асортиман преку своите  социјални мрежи, facebook и instagram, што во тој првичен период беше единствен начин да останеме со контакт со нашите ценети корисници и да продолжиме да работиме во вонредни услови.Но, барањата од нивните купувачи биле во насока да се отвори бутикот, а тоа и го налагаа и потребите на организирање на работата, за што Линда Мемиќ вели:

-Со оглед на потребите и барањата купувачите за посета на нашиот продажен салон, бутикот “VIP“ се одлучи да започне со работно време од  11 до 15 часот секој работен ден, односно со скратено работно време од 4 часа.  Започнавме ведаш со попусти на целата колекција како резултат на целокупната настаната ситуација со COVID 19, што се надеваме дека ќе биде во прилог на нашите купувачи, кои и понатаму ќе бидат со нас, за време на вонредната состојба и потоа кога ќе се вратиме во редовна состојба.Мемиќ упатува апатува апел до купувачите за почитување на мерките кои се пропишани при посета на бутикот.

-Ги замолуваме сите наши клиенти и идни потенцијални посетители строго да се придржуваат кон мерките за превентивна заштита (заштитни маски, ракавици, антибактериски и дезинфекциони средства)  по инструкции за примена на истите, кои ние ќе ги обезбедиме. Целокупниот вработен персонал ќе внимава на одржување на соодветно  пропишаното меѓусебно растојание со сите лица кои ќе се затекнат во нашиот продажен салон се со цел, заштита на Вашето и Нашето здравје.