Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: модна недела во Битола во 2010 година

Еден настан кој треба да се спомене во оваа рубрика, деновиве пред 10 години е модната недела која се организира во април во организација на агенцијата за мода, култура и уметност “Метрополис“ од Битола, а таа беше трета по ред, податоци за овој настан најдов пред некое време кога истражував на друга тема, но како реков вреди да се спомене, вели Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.

-Модната недела имала интернационален карактер  бидејќи една третина од модните дизајнери беа од странство, поточно од: Франција, Словенија и Босна и Херцеговина. Модната недела ја отворила големото име на македонската модна сцена, Билјана Каран со колекцијата “Едно“, вели Миновски според подаотоците кои ги нашол, а како додава не бил присутен на настанот, бидејќи не ги следел овие модни настани, негов фах бил спортот.На модната недела со свои модели се претставиле Гордана Бобојевиќ-Словенија, Емили Пишева-Гоџирова -Македонија, Даниела Стерјо Лела –  со колекцијата “Бурн Ит Блуе“ инспирирана од Фрида Кало, “Саитис“ од Битола и Олгица Ѓорѓиева -Македонија.  Потоа се претставија и креатори од Париз, Франција Карим Боне, Сања Грциќ – Мостар, Босна и Херцеговина,  Александра Миткова – Скопје и пејачката Дани. Тука беше и Миро Мишљејн,  натурализираната битолчанка Јана Котевска која живее и работи во Љубљана,  а за крај “Висадора“ од Прилеп.

Во тамките на неколку ревии со чевли настапија: “Моделино“ – Битола), додека на самото место имаше презентација на автомобилите на “сеат“. За стилинг-от беа задолжени: “Чеваповиќ студио“ потпомогнат од “Патрон студио“ и “Кармен ексклузив“.По завршувањето на секој моден ден се одржуваа популарните афтер парти забави во познатите битолски кафе барови, а медиумски настанот го покриваше: ТЕРА Телевизија – со свое импровизирано студио од самиот настан преку целиот ден, вели Миновски, според податоците кои ги нашол.

Фото: http://modnanedelabitola.blogspot.com/