Press "Enter" to skip to content

Добра вест за спортистите, ваучерите продолжуваат да важат, плата за април и мај…, ќе има и нови мерки

Продолжува важењето на спортските ваучери, сите ангажирани во клубовите корисници на мерките на Владата за олеснување на кризата од 14.500 илјади денари за април и за мај, 50 проценти намалување на цените за корситење на спортските објекти и ќе овозможи ослободување на клубовите од плаќање на котизации и чланарини за 2020 година.

Директорот на агенцијата за  млади и спорт, Дарко Каевски, денес на пред конференција истакна дека сите ангажирани во клубовите би било каков основ, вработени или со хонорарни или друг вид на договори ќе можат да бидат корисници на мерките на Владата за олеснување на кризата од 14.500 илјади денари за април и за мај.

Каевски објасни дека продолжува важењето на спортските ваучери, но со оглед на намалениот финансиски потенцијал на компаниите кои треба да бидат помагачи на спортот и на спортистите преку реализацијата на ваучерите, најави дека АМС и Владата во идниот период ќе за заложат за подобра реализација на оваа мерка.

Сите кои сакаат да ја користат оваа мерка ќе треба да се пријават на Апликацијата која ќе биде поставена на официјалните страници на Агнецијата за млади и спорт и на сите спортски федерации. По пополнувањето, апликацијата треба да биде доставена до матичната спортска федерација, а од таму проследена до Агенцијата за млади и спорт.

Директорот на агенцијата за  млади и спорт, Дарко Каевски објави и дополнителен пакет мерки за помош. 14.500 денари помош ќе добиваат клубовите кои  имаат регистрирано најмалку 40 спротисти во младинските категории во индувидуалните спортови и најмалку 80 регистрирани спортисти во малдинските категории во екипните спортови.

Агенцијата ќе ги финасира и програмите за подогтовки и за настапи на натпреварувања на врвните индивидуални спортисти во олимписките спортови, ќе иницира 50 проценти намалување на цените за корситење на спортските објекти и ќе овозможи ослободување на клубовите од плаќање на котизации и чланарини за 2020 година.