Press "Enter" to skip to content

Црвен крст денес подели 148 пакети со храна и средства за хигиена утре уште 100 (фото)

Општинската организација на Црвениот крст од Битола денес подели пакети со храна и средства за хигиена на 148 ромски семејства.Претседателот на Општиската организација на Црвен крст од Битола д-р Лилјана Ристевска за оваа акција ни рече:-Денес беа поделени 148 пакети со храна и 148 пакети со хигиена, а пакетите беа донација на фондацијата Отворено општество Македонија. Нашата општинска организација беше задолжена да ги подели хуманитарните пакети, а Фондацијата му ги додели на невладината организација “Отворено општество“.Утре битолската општинската организација на Црвен крст ќе има уште една ваква акција во која ќе бидат поделени 100 пакети со храна и 100 пакети со средства за хигиена за ромските семејства, кои ги обезбеди Општина Битола, додаде Ристевска.Хуманиратните пакети им се доделуваат на Ромското население за полесно справување со кризата која ја предизвика корона вирусот и да се спречи ширење на вирусот.

More from ВестиMore posts in Вести »