Press "Enter" to skip to content

Елена Грнчарова Љамчевска – моден дизајнер, инстаграм модел, модна блогерка, инфлуенсер, мајка и сопруга

Жанета Ристевска

Во моментов, Инстаграм   се позиционира како една од најпопуларните социјални мрежи со најголема  популарност ширум светот. За  влијание на инстаграм и социјалните мрежи кај нас зборува и едно истражување кое го спроведе  професорката Тамара Ќулева,  истражувачка на медиумската писменост и современите комуникации во Деновите на медиумската писменост 2019 во кое од  170 ученици кои биле анкетирани, дури 168 биле активни на Инстаграм. Тоа прикажало и  дека се присутни во повеќе од десетина групи во рамки на оние социјални групи за разговор. Заклучокот на професорката дека  ако не си вклучен на Инстаграм, тогаш си целосно надвор од случувањата и не можеш едноставно да се интегрираш во социјалниот живот на својата генерација и своите врсници, не можеш да ги следиш промените, случувањата, каде е и што прави твојата генерација. Некој и да не сака да се вклучи на тие социјални мрежи, веќе притисокот е толку голем што не може, а да не биде таму.

Со овој тренд за големото влијание на Инстаграм денес во нашите интервјуа заслужува личност – инстаграм девојка и модел, која  со околу 38.000 следачи (followers) таа е и инфлуенсер на многу млади девојки во нашата земја и пошироко. Таа е  Елена Грнчарова-Љамчевска моден дизјнер која  започна како модна  блогерка, потоа стана инстаграм инфлуенсер.  По потекло од Струмица, но сега битолска снаа.

Себеси кратко се опиша: преголем перфекционист, позитивна, и посветена на мојата фамилија 24/7. Сакам да експериментирам со модни парчиња, оттука и индивидуалноста која ја градам во модниот стил.  Тоа го користам и во комбинациите на фотографиите кои ги постирам на Инстаграм.

Како започнавте, кажете ни за вашата професија и идејата за свој блог?

-Мојата професија оригинално е мода и дизајн бидејки за тоа учев и тоа завршив. Сеуште сум инволвирана во ова и планирам некои проекти со неколку феноменални дизајнери и компании за во иднина. Во моментот сум навлезена во модното блогерство кое максимално ме исполнува, но во  Македонија можа да се каже дека не може да функционира баш успешно како во други земји. Можеби затоа што сме држава со мал број на жители.  Пред неколку години започнав блог бидејки сакав да знам каков е овој сектор, почнав да работам како моден блогер но на крај продолжив на платформата на инстаграм која е секако најголема и најкористена веќе многу години.Инстаграм модел и девојка… Колку следачи имате на инстаграм, ако се чувствувате како инфлуенсерка на други девојки? 

-На Инстаграм имам 38.000 следачи кои ги обожавам и кои ми се преголема подршка во секоја моја колаборација и промоција. Како инфлуенсерка и модна блогерка секогаш се чувствувам прекрасно особено кога некои од следачите па и некои кои не ме следат ќе ми пишат дека сум им дала добар пример за стајлинг, или некоја козметика, или добар совет. Тоа е поентата на еден блогер и инфлуенсер. Секогаш треба да сме добар и адекватен пример за сите. Во целиот овој комплетен процес ми помага голема поддршка мојот сегашен менаџер, верувам во неговите способности, креативност и остварување на идеите. Од самиот почеток веруваше дека можам да достигнам светско ниво во овој сектор и дека имам потенцијал. Подолг период ме инспирираше и убедуваше дека морам да го започнам ова и дека ќе успееме, па решив да си дадам шанса и за среќа не зажалив. Среќна сум што преку работата што ја работам секојдневно запознавам нови луѓе, нови интересни места за патување, нови идеи и проекти итн.

Кои модни куќи ги промовирате?

-Моментално со претежно глобални брендови. Ќе набројам неколку светски како ICIW, Revolve, NA-KD, Express, Michael Costello, Camila Coelho, Pretty Little Thing, и други исто така големо брендови и дизајнери. * Додека за во Македонија сликам и работам само за Nana Attire кои не се разликуваат од глобалните брендови и би требало да се пробијат кога тогаш како врвен глобален бренд. Неверојатни се.

Какви фотографии ви се предизвик на инстаграм?

-Се што е поврзано со модата што е во тренд. Имаме премногу креативни брендови кои знаат да извадат нешто што е модерно и тренди во исто време невообичаено, во кои даваат совети за добро расположение, но бидејки е во глобален успех заедно сакаме да сликаме и креираме наши концепти и да покажеме зошто е добро.

Како се подготвувате за фотосесија, дали имате своја екипа која се грижи кога се подготвувате за фотографирање, дали имате професионален фотограф?

-За фотосесија секогаш два дена пред да сликаме планираме концепт и стајлинг. Имам прекрасен тим кој ми се состои од личен фотографер и маркетинг менаџмент. Убаво е да имаш професионален фотографер, но секој си е креативен на свој начин во смисла секој различно обозможува на својата публика подобро да го запознае на свој начин независно дали е од телефон или апарат. Секако една слика може да биде готова за постирање за 15 минути, но има денови кои што една фотосесија подолго трае.

Со изолацијата инстаграмот стана место на интересни фотографии кои произлегуваат од овој кризен период кои стануваат моден тренд? Кажете ни повеќе околу ова?

-Искрено, мислев дека нема да успееме да го прикажеме тоа што сакаме од дома, но најбитно е да се чувствуваш убаво во своја кожа, затоа што е непроценливо е да бидеш поразлично креативен на свој начин.

Какви фотографии направивте во ова време на изолација? 

-Премногу направив и премногу оставив за сликање. Имам премногу планови кои се надевам ќе ги реализирам во изолација која се уште трае, но заради тежината на ситуацијата понекогаш немам многу Но, се надевам дека што побрзо ќе заврши пандемијата и се да се врати во нормала.

Сопруга и мајка кажете ни за семејството и двете ќеркички на кои како што кажавте сте посветени голем дел од времето.

-Среќна сум што имам големо семејство. Моите две ќерки се посебни за мене и на нив им  посветувам голем дел од денот. Опкружена сум со убави и позитивни луѓе и работи. Самиот збор празник, ме асоцира на одмор, така да секој празник го поминувам во кругот на најблиските, тогаш ми е најубаво и сум целосно исполнета. Велигден годинава ќе го поминеме заедно со моите родители дома каде што ќе го дочекаме Христовото Воскресение како што и треба да се празнува со најблиските во домот.Ваши идни планови… 

-Ако го земеме во предвид дека ова професија не постоеше пред 15 години, во иднина не знам што да очекувам, ама се радувам на секој нов предизвик.

Кои инстаграм девојки или познати личности ви се идоли?

-Камила Коељо и Ана Џонсон.

На прашањето за  интересна случка од нејзиниот живот, или друго интересно за тебе ако имаш да ни кажеш, само напиша:

-Би напишала една книга хаха! Секојдневно ми се случуваат интересни случки со моите две керќички.

Секако дека тие интересни случувања ќе ги оставиме за нареден разговор во живо, бидејќи овој заради почитување на мерките го направивме “он-лајн“. Разговорот во живо ја има таа магија на интуитивно пренесување кое ја доловува личноста на вистински начин. Во ова интервју за Елена Грнчарова ќе зборуват нејзините фотографии од инстаграм преку кои сигурна сум ќе ја запознаеме во вистинско светло и она “Една слика илјада зборови“.

Фото: приватна архива

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »