Press "Enter" to skip to content

ВМРО-ДПМНЕ Битола одбележа 117 години од смртта на Гоце Делчев

По повод денешниот тажен ден за нас Македонците, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола заедно со ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, положи свежо цвеќе пред спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.

-На пат за Али Ботуш, убиен во с. Баница. Неговото убиство сеуште е предмет на полемика и никогаш до крај нерасфетлено. Некои велат дека е предаден од своите најблиски соборци, некои велат дека е предаден од локалните кодоши, но она што останува факт е тоа дека Гоце Делчев и после 117 години од неговата смрт, повторно го предаваат катадневно. Таткото на Македонија и Македонскиот народ, своевремено со неговите идеи бил 300 години понапред од своите современици, а од нас, денес, тој со своите погледи кон светот е понапред цели 200 години. Можеби и затоа, така несфатен, ќе остани засекогаш предаден од оние на кои им подал национално видело, беше речено на историскиот час посветен на Гоце Делчев.

More from ВестиMore posts in Вести »