Press "Enter" to skip to content

Дали сте знаеле дека нашето тело комуницира и без употреба на зборови?

Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението

“ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“

Во минатиот напис рековме дека комуникацијата се дели на:

– НЕВЕРБАЛНА
– ВЕРБАЛНА
– ПИСМЕНА
– ТЕЛЕФОНСКА

Во светот официјално постојат 6.500 јазици ( од кои 3.500 се живи јазици, останатите не
се зборуваат) со кој што луѓето меѓусебно комуницираат. Донекаде и среќа е што помеѓу себе воопшто успеваме да комуницираме. Знае да биде застрашувачки или конфузно, на пример ако се најдеме во странска земја па не можеме дури ни знаците на автопат да ги прочитаме. Едноставно не можеме да комуницираме.Но, постои еден јазик кој сите седум милијарди луѓе на оваа планета земја заеднички го користат и зборуваат ! Тоа е невербална комуникација или популарно наречен говорот на тело, “body language”.

Дали сте знаеле дека нашето тело комуницира и без употреба на зборови ?

Од сликата можете да забележите дека при комуникација ( до неодамна ) на искажаниот збор отпаѓаа само мали 7%, на тонот од нашиот глас 38%, додека цели 55% од нашата комуникација се реализира преку говорот на телото.Најновите истражувања говорат дека дури 80% од нашиот говор е невербален, а дури само 20% е вербален. Генерално, она што го покажуваме преку нашите гестикулации и севкупни движења на телото ги оддава нашите намери и мисли.

Дали говорот на телото е поефикасен отколку кажаниот збор ?

Вообичаено меѓусебе комуницираме со искажани зборови преку вербална комуникација. Но, исто така комуницираме и со помош на нашето тело, раце, нозе, фацијални експресии вклучувајќи и контакт со очи, но секако и со тонот на нашиот глас. Преку говорот на телото и невербалниот јазик пренесуваме широк спектар на информации. Мора да имаме во предвид дека говорот на телото е ефикасен доколку научиме да го читаме и практикуваме во позитивна смисла на зборот.

Важно!

Тонот на нашиот глас (со кој се обраќаме и зборуваме) кој го користиме при вербалната комуникација ( ова е всушност бојата на нашиот глас, кај некои луѓе е вистински ирититачка, звучи како викање, карање, вознемирувачка е или пак можеби пријатна и смирена, зависи кај секого е различна ) има значително голема важност и ефект отколку самите искажани зборови и нивниот квалитет или фактички податоци.

Запаметете, ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО е секогаш значително поефикасен отколку искажаните зборови. Секако резимиравме дека тонот со кој ги изговараме зборовите има поголем ефект колку искажаните зборови.НАПОМЕНА: од посебен приоритет и важност е да ја совладаме невербалната комуникација започнувајќи пред се од нас самите се со цел за подобрување на нашите комуникациски вештини, а со самото тоа и нивно усовршување како подготовка за следната фаза во нашиот живот. Според “невербалниот говор на тело“ можете да намирисате лош ден дури од километар.

За крај на ова наше денешно дружење.

Што можеме да научиме преку невербалното ? Преку “невербалниот говор“ можеме да ги прочитаме намерите на луѓето, нивото на нивната самодоверба, нивната срамежливост или пак несигурност во себе. Оваа наука за невербалното ни овозможува да ги дознаеме намерите на луѓето било тоа да се добри или лоши. Невербалната комуникација освен нашиот говор на тело, гестови, значи дури и како се облекуваме или делуваме на околината – дури и нашиот мирис на тело.

СОВЕТ!

Секој од нас е потребно сам да се набљудува и најпрвин да го осознае сопствениот говор
на тело за да потоа може да се корегира и позитивно да делува во опкружувањето.
За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не
контактирате на info@euinstitue.eu.

ПРОДОЛЖУВА…

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОMУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.

Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.