Press "Enter" to skip to content

“Ѕвончињата“ со детска химна за Битола, премиера утре на “ју-туб“ каналот

-Секое дете, член на хорот “Ѕвончиња“ во домашни услови го сними својот глас, а потоа се изминтирано во една песна, чија промоција е утре.

Нашата Битола е наш дом, наша гордост, онаа со која се фалиме каде и да одиме. Најопеан град, град кој низ историјата одолевал на секакви искушенија и сеуште не храни секојдневно со радост и убавина. Има ли поубав начин да се искаже љубовта кон соопствениот град, ако не преку песна, има ли подобар начин да го негуваме тој пламен во детските срца ако не со песна, а затоа младите битолчанчиња, хорот “Ѕзвончиња“ со песна тоа го потврди.

Песната на детскиот хор “Ние пееме за еден поубав и подобар свет “ минатата година во студио “ Момировски ” е снимена првата детска химна на градот Битола. Музиката е на нашиот битолчанец, композиторот Николче Мицевски, а текстот е на Марина Коруновска и Маја Митровска.-Планиравме со голем концерт на детскиот хор “Ѕвончиња” да направиме промоција на химната, но поради настанатата ситуација тоа не беше возможно. Го избравме овој начин да им ја подариме песната на сите битолчани и Македонци, каде и да се во светот. Секое дете во домашни услови го сними својот глас а придружувани се од Александра Јанковска – пијано, Томе Спасовски- бас гитара, Александар Гацоски- кахон и нашиот ученик Андреј Стевановски – гитара, вели Марина Коруновска, раководител на детскиот хор “Ѕвончиња”.

Во недела во 20.00 часот ќе биде промоцијата со livestream на youtube на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch

Проектот е подржан од Bimilk и Општина Битола, а наскоро најавуваме и видео спот со убавините на нашата Битола.