Press "Enter" to skip to content

Камерниот оркестар со Маја, Димитар, Бојан, Марија и Тамара го “распеаја“ Широк Сокак во полицискиот час (фотогалерија)

На плоштадот “Магнолија“, како што рече Маја Андоновска- Илиевски директор на Центарот за култура, бидејќи е најшироко за да се запазат мерките за социјална дистанца, се одржа мини концерт на отворено, во време на полицискиот час, на Широк Сокак.На мини концерт на Широк Сокак на отворено настапија Маја Андоновска Илијевски, Димитар Андоновски, Бојан Стојков, Марија Митровска, Тамара Стојковска, а со камерниот оркестар во скратен состав диригираше Владимир Димовски.-Драги битолчани, вие секогаш сте биле двигатели на културниот живот во Битола. Сте ги полнеле нашите сали, секогаш сте барале билет плус за концертите, претставите, културните настани и случувања. Вашето присуство и аплаузите беа наша најголема награда. Овој пат, група ентузијасти, уметници од град Битола решивме да ви се оддолжиме и заблагодариме, рече на почетокот Маја Андоновска- Илиевски директор на Центарот за култута.Овој мал 40 минутен концерт не беше финансиран од никој, а технички е помогнат од пријатели на културата. Направен беше без финансиски бенефит за никој, но како како поддршка пред се за борците во првите линии со корона вирусот – нашите лекари и здравствени работници, кои изминативе месеци херојски се носат со задачата, но и за граѓаните од нашиот град, како и за нашите колеги уметници кои се силно погодени од оваа пандемија.Учесниците на концертот се придржуваат на физичка дистанца, но тоа не ги спречи да ја разубават неделната вечер на битолчани со убава музика, а изведоа дел од репертоарот на последниот концерт на Камерниот оркестар.Велат дека уметноста е лек за душата, па нека нашата музика биде лек, утеха и надеж на сите на кои им е потребна.Сите протоколи беа запазени, се измери и обележи потребното растојание за секој учесник, набавени се ракавици, маски и средства за дезинфекција за сите кои ќе учествуваат во реализацијата на овој настан…Сакам да се заблагодарам на сите учесници и уметници, кои оваа вечер свиреа, пееја и работеа за љубов, и со една поголема цел. Уметноста во мрачни времиња станува извор на исцелителна сила. Таа ја храни надежта дека и најцрната ноќ на неволјата не трае вечно. Нека оваа неделна вечер, биде поинаква и нека овој концерт биде мала искра надеж, дека подобри времиња доаѓаат за сите нас, рече на крајот  директор на Центарот за култура.Текст и фото: Сашо Ристевски