Екипи на ЈП “Комуналец“ деновиве беа на терен и ја уредуваа улицата “Солунска“, ги косеа новите тревници кои ги уредија и го посадија со трева, го фрлаа искосеното губре, метеа, миеја…
Но, жителите на улицата “Мариово“ која е чикмам од улица “Солунска“ упатија апел до “комуналците“ кога се уредувала “Солунска“ да го искосат тротоарот на улицата кој не е подолг од дваесетина метри, а за да се искоси требаат десетина минути.
Но, од страна на работниците им бил речено дека не е во планот, а тие прашуваат како да го изменат планот, и додаваат:
-Не изгледа убаво за никој да се остават десетина метри неискосен тротоар кој ја грди целата улица која е можеби најдолга во Битола.






