Ротаракт клубот од Битола денеска реализира донација за ЈЗУ “Д-р Хаим Абраванел“- Битола и ЈЗУ Клиничка Болница “Д-р Трифун Пановски“ – Битола, Оддел за Инфективни болести.

Донација на Ротаракт клубот од Битола се состои од 500 парчиња хируршки маски, 100 парчиња гел за суво миење на раце, 500 парчиња хируршки ракавици, 500 парчиња тоалетна, течен сапун, суви марамици и средства за лична хигиена
Донацијата е во вредност од над 50.000 денари, а материналите се набавени од “Алкалоид“ АД Скопје, “Де-Ло Хигиена“, “AWT International Macedonia“.

Исто така Ротаракт клубот од Битола упатува апел до сите кои што се во можност да донираат да ги контактираат за побрза реализација, со апелот здравјето и заштитата пред сè!






