Туристичката агенција “ЈК Травел“ го кажа првото благодарам на здравствен работник, на кој и подари летување, во рамките на акцијата “Победа против Covid-19 и заслужен одмор за нашите херои“.
Прва која го доби подарокот е Марјана Бурзумовска, вработена во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување од Скопје, која искажа благодарност до “ЈК Травел“ за наградата и за тоа што го вреднуваа трудот и несебичното залагање на здравствените работници во време на справување со ковид-19.
“ЈК Травел“ ќе додели вкупно 4 подароци летувања за 4 среќни добитници од херојската листа на здравствени работници, а сите кои се “тагнати“ од Вас, добиваат “ЈК Травел“ клуб картичка која им носи попуст за секоја нивна резервација.






