Press "Enter" to skip to content

“Вила Виста“ ресторан и пицерија – петттиот роденден не е откажан, само одложен

-Роденденска торта и свеќи за 5. роденден имаме, но не сакаме да ја сечеме тортата сами и сами да ги дуваме роденденските свеќи, без нашите редовни и ценети гости, велат денес од рестортанот и пицерија “Вила Виста“, и додаваат дека роденденската прослава не ја откажуваат, туку ја одложуваат.Ресторанот и пицерија “Вила Виста“ е отворен на 20 мај 2015 година, а според многумина го има најдобриот поглед, кој може да го има една тераса која се наоѓа во потпелистерието, над селото Дихово.Според овој поглед, панорама, дадено е и името на објектот “виста“ односно “Вила Виста“, но битолчани и гостите од другите градови во овие изминати 5 години, не доаѓаат тука само заради погледот, туку и поради врвните кулинарски специјалите кои се послужуваат во вкус на гостите.-Имавме многу планови за нашиот јубилеј 5 години од отворањето на “Вила Виста“, но состојбата која е наметната од мерките и препораките за угостителските објекти, ни налага роденденската прослава да ја одложиме за некое време кога сите ние заедно, нашите гости и ние кое сме вработени тука, ќе бидеме безбедни, а се надевам дека тоа ќе биде за брзо време, вели сопственикот Бале Цветковски.