Press "Enter" to skip to content

И најчуваните објекти, на ЈНА на Тумбекафе, се предадоа на забот на времето (фотогалерија)

Ридот Тумбекафе, посебно неговиот врв каде има и мала висорамнина, во времето пред од пред педесетина години и повеќе, до пред десетина години беше најчуваното место од поранешната Југословенска народна армија, а подоцна и Армија на Република Македонија, поради тоа што таму беше настратешкото место каде имаше неколку значајни воени објекти.

Стражарницата под “Радарот“

Кога ќе го искачите, пешки или со велосипед, Тумбекафе од страната на Зоолошката градина, и ќе излезете на чистинат од каде се гледа Буковска населба, веднаш ќе забележите стражарско место, а пред него, дел  врвот на Тумбекафе е ограден со бодликава жица.

Врвот на Тумбекаде, со полигонот каде беше поставен големиот радар на ЈНА

Веднаш се запрашувате зошто е така, а причината е, на тоа место беше сместен големиот радар на ЈНА, кој според некои се контролирало небото над Грција и над Средоземното море. Кога е има еден таков воен инструмент мора да се чува со најголем степен на безбедност.

Влезот кај големите магацини за муниција и оружје

Иако се поминати дваесетина години откако тоа веќе не е така, сепак се забележуваат градбите останати од тоа време. Големиот бетонски подиум каде беше монтиран радарот се уште е таму, а сигурно ќе биде уште многу години, сведок на тоа време. Според штрафовите кои се уште вкопани во бетотот можеме да престпоставиме колкави биле диманзиите на радарот.

Бетонските големи гаражи под врвот на Тумбекафе

Таму, под врвот Тумбекаде, се вкопани неколку големи бетонски гаражи, каде биле сместувани камионите, за недај боже, ако има напад да се дислоцира целата опрема.

Внатрешноста на “сувите“ објекти

А, под него на педесетина метри се големите “суви“ објекти, се магацините во кои се чувала боевата минуција за војската, која редовно било во бројка поголема од 5.000 војници. 

Без покриви и оставени на забот на времето

Сега од двете згради постојат само ѕидовите на кои има различно содржини, а околу нив веќе ги нема ни големите дрвени столбови на кои била поставена заштитата од громовите, со цел да не дојде до удар на гром и да експлодира муницијата.

Од некогашната зграда на стражарите нема скоро ништо

Колку бил значае овој дел од ридот зборува и тоа дека тука се наоѓа и обејктот во кој биле сместени војниците, кои будно стражареле 24 часа на ден, а кој за жал веќе е рушевина и тешко ќе се препознае дека имал ваква значајна функција.

Бетонските митралески гнезда на ЈНА

Околу радарот и магацините се вкопани бетонски митралески гнезда кои биле дел од одбрамбената тактина на ЈНА за чување на овој рид, кој војската своевремено го викала “Титово брдо“.

Дел од стражаркиот комплекс на Тумбекафе

Само на стотина метри во правец на Смолево, се наоѓа депонијата на касарната, а потоа и еден од резервоарите за вода кој е вкопан во ридот, а се гледа само влезната врата и дел од некогашното физичко обезбедување.

Некогашниот резервоар за вода

Некаде на средината на атрактивната патека за пешачење на битолчани од Олимписки, преку Тумбекафе, до Смолево, се наоѓаа чистина каде се уште се гледа асфалтниот полигон за пешадиска обука, односно за напад на тенкови. Таму во асфалтот се длабоките тркалезни дупки каде се изведувала обуката.

Полигонот за пешадиска обука на ЈНА и против тенковски дејствија

Околу пешадискиот полигон се гледаат стари, некои уништени до темел, згради кои имале посебна намена, а секако, тука се вкопаните и надземните стражарски места.

Дел од објектите за разни намени на Тумбекафе

Од тука ако се спуштиме кон Битола, мора да поминеме крај Џепането-барутаната, каде исто така било магацин за муниција и имало посебен режим на обезбедување.

Поглед на Битола од дел на Тумбекафе

Мора да се додаде и тоа дека од тука е најубавиот поглед кон Битола и кој селата Буково, Ореово, Пелистер, Кравари… а кога се гледа зајдисонцето на Макази е посебна приказна.

Сега во ова време кога полека се свртуваме кон природата за разлика од порано има голме број на битолчани по овие ридови, а овај дел мора да го посети секој битолченец и да види додека има некои знаци, како изгледало едно место кое има значајно место за градот и неговите жители од поодамна.

Строго чуваните објекти се предадоа на забот на времето

Оваа патека од Олимписки до Смолемо ја поминува човек во кондиција ја поминува за 40-45 минути, а другите кои се помалку активни за околу еден час и нешто повеќе, а целиот вложен труд ќе се исплати.

Текст и фото: Сашо Ристевски