Press "Enter" to skip to content

Библиотеката на смотра на хортикултурни библиотеки, “домаќин“ библиотеката “Љубиша Р. Ѓениќ“ – Чајетина

НУУБ „Св. Климент Охридски учесник во смотра на хортикултурни библиотеки во регионот. Љубов кон цвеќе и поезија е патот што не води во цветна иднина.

Следејќи ги иновативните и креативни програми во регионот и светот НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола пред три години стана дел од мрежата на хортикултурни библиотеки.Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, како и промовирање на литература од истата област, со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондновите на библиотеката и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори. На тој начин библиотеките стануваат посредник во изградба на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активности со хортикултурна нота.

Покрај размената на информации и искуства, хортикултурна мрежа на библиотеки од целиот регион ќе биде еден вид „огласна табла“ и „временски распоред“ на редовни и повремени настани врзани со цвет и книга. Хортикултурни библиотеки се дело на авторскиот тим на основачите на Интернет-клубот – Мирко С. Марковиќ ( независен библиотекарен советник) и Драган Р. Саиќ, инженер кои го изработија проектот и програмите на „Хорикултурни библиотеки“.Домаќин на Третиот национален фестивал на хортикултурни библиотеки и Вториот регионален фестивал на градинарски библиотеки е библиотеката „Љубиша Р. Ѓениќ (“Љубиша Р.Ђенић”) од Чајетина, а со видео учество се придружија библиотеките од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија (Битола и Радовиш).  Настанот се одржа во Златибор, во Чајетина на 21 мај 2020.

Во поздравното видео учествува и ученичка Михаела Растаноска од ОУ„Тодор Ангелевски“ – Битола со стихотворба „Мајски цвет“ од Видое Подгорец, подготвена од наставничката Бисера Петровска Аргиновски. библиотеката од Битола внимателно ја следи состојбата и работи на промовирање на библитоечната работа и во услови на пандемијата, и дека се очекува отворање на библиотеката со придружување на Правилникот за работа во услови на пандемија.