Press "Enter" to skip to content

Битолскиот спорт во корона: Кире Грбевски – тренер на ЖФК Топ Гол, прекинавме кога имавме максимална форма

Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.

-Оваа состојба со корона вирусот направи брз прекин скоро во секој сегмент на нашето живеење и сите нас некако не успори во секојдневното движење. За спортистите оваа ситуација многу се одрази и врз нивното психичко здравје и секако врз нивната фит-форма. Наглиот прекин со спортски тренинг и натпревари дојде во многу лош период кога екипите веќе стартуваа со натпреварите и имаа одиграно неколку кола од пролетниот дел на сезоната. Од максималната форма која ја постигнавме во подготвителниот период сите ние моравме преку ноќ да престаниме со тренинг и натпревари, а тоа за професионалните спортисти е шок како на психички така и на физички план, вели Кире Грбевски, тренер на ЖФК Топ Гол, за прекинот на активностите поради коранивирус, а тоа како клубот ссе снаоѓа во ова време во вонредна состојба додава:

-Што се однесува до активностите на Топ гол ние како клуб во целост ги почитуваме препораките од Владата за заштита и превенција од вирусот. Ги прекинавме сите активности на терен но останавме во комуникација со нашите членови преку “он-лајн“ алатките. Постојано даваме насоки и инструкции за индивидуална работа.Како Топ Гол ја имаше проектирано оваа пролетна полусезона, Грбевски, кој е и претседател на УО на клубот вели:

-Како клуб стартувавме добро, оваа година имавме развоен план и буџет, но ќе мора да се прилагодиме и да чекаме конечно решение. Ние сме стабилен клуб со голем број на членови и стучен тим кој константно растеме и имаме поголеми амбиции. Од ФФМ во исчекување сме за официјалната разврска на првенството иако веќе повеќе од јасно е дека првенствата во женска и младинска конкуренција нема да продолжат, а за финансиката состојба на клубот додава:Финансиската загуба е болна тема на секој клуб и секој поединец е загрозен. Оваа ситуација секако лошо влије и на фирмите кои досега ги подржуваа спортските екипи и во иднина сите стравуваме за нашето постоење и работење. Јас сум оптимист и верувам дека оваа ситуација за брзо ќе биди минато и дека ќе извлечиме поуки кои ќе бидат за доброто на сите нас.

За тренинг и работа на фудбалерите за време и по време на вирусот и за спортските препораки до неговите избраници, Грбевски вели:

-Јас веќе од порано потецирав дека фудалот иако е колективен спорт, тој се повеќе ги има индивидуланите карактеристики. Постојано им потенцирав на моите спортисти дека ќе дојди време кога секој сам ќе се подготвува и дека тренажниот процес има индивидиален и групен принцип. Моја препорака и совет е фудбалерот со консултација на својот тренер индивидуално да се подготвува и мотивира.