Press "Enter" to skip to content

“Он-лајн“ одржана 54. седница на Советот на општина Битола, донесени следните одлуки

Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски и советниците денес ја оджаа 54 по ред седница на Советот, на која покрај 13 точки на дневниот ред кои беа во поканата за свикување на седницата на 15 мај 2020 година, се најдоа и точки кои беа предложени подоцна.

Советот расправаше за по првите три точки предложени во дневниот ред во врска со Буџетот на Општина Битола, за квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за првиот квартал од 2020 година, а ги донесе и Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020 година и Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020 година.

Донесени беа и:

-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за користење на земјиште во општа употреба за поставена урбана опрема и поставување на урбана опрема за која не може да се наплаќа комунална такса на подрачјето на Општина Битола.

-Одлука за основање на јавна општинска установа за култура.

-Програма за измени и дополнување на Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2020 година.

-Програма за измени и дополнување на Програма за измени и дополнување на Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2020 година.

-Програма за измени и дополнување на Програмата за економски развој во Општина Битола за 2020 година.

-Програма за измена и дополнување на Програмата за јавни дејности во Општина Битола за 2020 година.

-Програма за измени и дополнување на Оперативна Програма за поправка и одржување на улично осветлување (тековно одржување – замена на живините, натриумовите и флуоресцентни светилки со лед светилки заради поголема енергетска ефикасност на целиот систем за улично осветлување) на подрачјето на Општина Битола за 2020 година, Бр.03-71/1 од 28.01.2020 година.

-Годишен план за вработување во ОУ „Св.Кирил и Методиј“Битола за 2021 година

-Измена и дополнување на годишниот план за вработување на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола за 2020 година.

-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за хоризонтално обележување на надолжна и напречна сообраќајна сигнализација на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола.

На денешната седница која се одржа “он-лајн“ се расправање и се донесоа одлуки за дополнителните точки на дневниот ред за:

-Одлука за утврдување на месечниот надомест за згрижување на деца во сите детски градинки Битола, за месеците април и мај, за згрижените деца да изнесува 0 денари. 

-Одлука за реконструкција на спортските терени во ОУ “Тодор Ангелевски“ во висина од 4 милиони денари и во Буковски ливади реконструкција на игралиштата во висина од 1.800.000 денари..

-Одлука за доделување на 500.000 денари за Зоолошката градина во Битола.

-Одлука за примање на донација за реконструкција на покривот и дограмата во Техничкото училиште и Одлука за вршење надзор.