Press "Enter" to skip to content

Фото вест: карамбол на три возила пред Технички факултет

Попладнево на улицата “Македонска Фаланга“ или поранешна “Иво Лола Рибар“ се случи верижна сообраќајма незгода во која учествуваа три возила, патничко моторно возило “форд“ со охридски регистарски таблички и патничко моторно возило “пежо“ и комбе “волксваген“ со битолски регистарски таблички.

Првото возило “фордот“ беше застанато на новите хоризонтални препреки “лежечки сообраќајци“.Според очевидците нема повредени лица, а направена е само метеријална штета, повеќе кај “пежото“ и “волксвагенот“.

Додека траеше увидот на сообраќајната полиција, на улицата беше затворена една сообраќајна летна, а сообраќајците го регулираа движењето на сообраќајот.