Press "Enter" to skip to content

Битолскиот спорт во корона: Игор Михајловски, кугларски клуб Пелистер, имавме добра сезона, а од декемви во нова куглана до европскиот врв

Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.

Игор Михајловски, за рубриката “Битолскиот спорт во корона“ на почетокот се осврна на тоа што требаше да се одигра во март, кога беа донесени препораките и забраните и се прекинаа кугларските натпревари. Што не “искуглаа“ битолските куглари во женска и машка конкутенција Михајловски вели:

-Во месец март, според календарот на КФМ беше предвидено да се одигра 8 Мартовскиот турнир за девојките, последното 14 коло од МКЛ, разигрување за Купот и државното кадетско првенство U18. Машката екипа на Пелистер требаше да игра против ГТЦ – Мусандра (мажи) во директен дуел за втото место во лигата, додека битолските девојки требаше ревијално да се сретнат против Макпетрол, кој веќе во 12 коло ја загарантира својата 20-та шампионска титула. Меѓутоа поради состојбата со вирусот на 12 март се донесе одлука за затворање на кугларските објекти која сеуште е во важност што ги оневозможи сите наши планирани активности.Михајловски е и потпретседател на кугларската федерација на Македонија, а за неговите ставови во време на корона и неговиот предлога како да се заврши оваа сезона вели:

-Како потпретседател на кугларската федерација, мојот став го пренесов до колегите од УО, а тоа е да се заврши лигата согласно пласманот до 13 коло, без да се одигрува последното коло, форматот на Купот да се промени во еден натпревар, наместо квалификации, 1/2 и финале и одлагање на кадетското првенство во есенскиот дел. Бидејќи како што јавноста знае, битолските екипи сите натпревари ги играа во Скопје и како домаќини и како гости, оваа година беше тешка за нас, а во моментот поради градежни активности и реновирање на кугланата во Битола, веќе немаме ни можност за елементарен тренинг што ќе се одрази и на резултатот, така да во интерес на битолските клубови е што побрзо да се финализираат активностите за сезоната 2019/20.

Како  Игор Михајловски е задоволен од тоа што “искуглаа“ битолските куглари поединечно вели:-Лично сум задоволен од постигнатото, машката екипа најверојатно ќе учествува на Европскиот Куп во Италија во октомври (секако доколку се одржи), а и девојките обезбедија прв настап на големо клупско првенство. Поединечно гледано би сакал да ги издвојам Пецо Димовски и Александар Младеновски (U18), а од девојките Анреа Вељаноска (U18) и Стефанија Алексовска (U18). Пеце имаше брилијантна сезона и е во врвот со својот просек на државно ниво во сениорска конкуренција, додека нашите млади куглари беа вистински хит. Александар со своите резултати се наметнува како фаворит за државен првак во својата возрасна категорија, исто како и Андреа, Стефи и останатите девојки кои се навистина нешто вонсериско и исклучително талентирани, а за како понатаму ни кажа:

-Плановите се да не застануваме, ќе се користат тревни површини за импровизирано куглање и одржување на кугларската кондиција, а ќе мора и дел од подготовките да ги правиме во Скопје или Србија, како би биле конкурентни за наредната сезона. А во новата сезона, очекувам во декември, да започнеме да кугламе на најмодерната опрема која ќе ја има една балканска кугларска екипа. После пуштањето во употреба на битолската куглана фокусот ќе биде европскиот врв бидејќи го имаме потенцијалот, а ќе имаме и одлични услови. Така да, 2020 ќе биде преодна година на битолските куглари и клубови, а веќе од наредната 2021, ќе се пее друга песна, а Битола ќе прерасне во кугларски младински центар на Балканот.