Press "Enter" to skip to content

Денес уште двајца оздравени битолчани од ковид-19 и денес нема нови позитивни случаи

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.

– Скопје 4
– Куманово 3
– Прилеп 5
– Тетово 6
– Велес 4
– Битола 2

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

– Скопје 16
– Куманово 2
– Прилеп 2

Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.