Press "Enter" to skip to content

Отворен 39. “Мал битолски Монмартр“, за прв пат без децата, малите уметници, од целиот свет (фотогалерија)

-“Гран-при“ награда на фестивалот за 17 годишната Мариа Дума од Букурешт.

-На 39. издание на “Малиот Монмарт“ за прв пат поради годините и заштита од ковид-19, покрај децата, го немаше и идејниот творец Коста Хаџи Антововски.

-Наместо свечено отворање, пуштени балони во небото.Денес започна 39. издание на Малиот битолски монмартр, трасиционално како и секоја години, пред просториите на Детското ликовно студиот “Св. Кирил и Методиј“ во Старата
битолска чаршија. Но за прв пат започна без џагорот на децата од целиот свет, без песна, огномет…   39-тото издание на “Малиот битолски Монмартр“ се отвори скромно, без учесници, но со препознатливиот белег- музиката од Тоше, но и големи желби следното, јубилејно 40-то издание, да биде повторно полно со деца, а Битола да биде центар на светот за малите дестки уметници.Годинешната “Гран-при“ награда на фестивалот е доделена на 17 годишната Мариа Дума од Букурешт, која наместо лично, му беше дадена на почесниот конзул на Романија во Битола, Александру Мамакис, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, која рече:-По 39 пат го одбележуваме Малиот битолски монмартр, манифестација која е исклучително значајна за нашиот град, манифестација која што ја отвора Битола кон светот, меѓутоа и светот го носи во Битола. Бројот на цртежи кои што пристигнаа годинава, покажува дека така било и во изминатите години. За жал, годинава ќе го немаме џагорот на децата низ нашите сокаци, меѓутоа она што го имаме се нивните насмевки, нивната душа и дел од нивните срца во нивните цртежи, за што им сме бескрајно благодарни.Петровска се обрати и до идејниот творец на “Малиот Монмарт“, чичко Коста, в’година ни доаѓаат 40 години од “Малиот битолски Монмартр“.-Она што како град му го должиме е да го одбележиме достојно, величенствено, онака како што доликува и се надевам дека околностите нема да се како сегашните, за да можеме со една свечена манифестација да оставиме траг и белег на 40 годишнината која што наближува. Како град му должиме и во годините кои што следуваат, да ја негуваме оваа манифетација, затоа што е навистина траен белег за Битола и за битолчани, рече градоначалничката.Елена Хаџиантоновска, ќерката на Коста Хаџиантовски, идејниот творец на Малиот битолски монмартр, кој годинава не беше дел од манифестацијата поради здравствени причини, истакна дека е жално што по прв пат од основањето пред 39 години, се одржува без детските ликовни творци.-Битолските улици нема да бидат насликани, градот нема да биде преполн со деца и затоа на овој ден се доделува само Гран при наградата.-Годинава пристигнаа над 15.000 творби од целиот свет. Од сите пристигнати, изложивме 717 најдобри цртежи“, рече Хаџиантоновска, простигнатите ликовни творби оваа година.Почесниот конзул Акександру Мамакис, примајќи ја наградата Гран при, изрази голема благодарност до Малиот битолски монмартр, а на градоначалничката Петровска и врачи монографија која што е работена со помош на амбасадата на Романија и почесниот конзулат во Битола, поврзана со влашкото население во Битола и во потпелистерските села.Симболично, со вивнување на балоните кон небото, децата од Малиот битолски “Монмартр“, заедно со градоначалничката, испратија желби за поубаво утре, со многу повеќе детски насмевки.