Press "Enter" to skip to content

По еден милион денари за спортски клубови и здруженија од Општина Битола, повикот објавен (линк)

На веб страната на Општина Битола, објавени се два јавни повици. Вкупната сума на средства кои ќе бидат доделени со овие јавни повици изнесува 2 милиони денари, односно 1 милион денари за здруженија на граѓани и фондации и 1 милион денари за спортски клубови и здруженија.

Во двата јавни повици, наведени се критериумите за аплицирање, како и посебните проектни критериуми врз основа на кои ќе се врши проценка на квалитетот на проектите.

Временската рамка за спроведување на проектите е до 31.12.2020, а потребната документација треба да се достави до 09.06.2020 година.

Користењето на доделените средства ќе биде специфицирано во склучениот договор.

Повеќе информации во врска со јавните повици, за кои што аплицирањето започнува од 26.05.2020, може да се добијат на следните линкови:

Повик спортски клубови и здруженија

Повик здруженија на граѓани и фондации