Press "Enter" to skip to content

Продолжува доизградбата на манастирот “Св. Архангел Михаил“ кај Баирските лозја (фото)

Црковниот одбор и верниците, со благослов на надлежниот архиепискот, Владиката Петар, ја продолжуваат доизградбата на манастирот “Св. Архангел Михаил“ кај Баирските лозја, по прекинот на работите пред извесно време.По формирањето на Црковниот одбор, членовите и верниците од овој дел на Битола, кои несебично помагаат се изведе и првата работна акција.А вчера и екипи на КЈП “Нискоградба“ итола им излезе во пресрет на верниците од Раштанска населба, Горно Оризари и населба Баир со тоа што го санира патот до манастирот Архангел Михаил. Црковниот одбор ја објави и жиро сметката за донации и апелот за помош во кој се вели:-Драги пријатели на манастир “Св. Архангел Михаил“ – Баирски лозја, сакаме да ве известиме дека започнуваме со собирање на парични средства за доизградување на Манастирот.

 

Донациите можат да бидат на трансакциска сметка при Стопанска Банка АД Битола
Жиро сметка: 500000000936077
ЕДБ 4030998349207