На 23.05.2020 во 16.00 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 08,00 часот пред бензинска пумпа во Битола, битолчанец кој управувал патничко моторно возило„мерцедес“ упатувал закани по живот кон полициски службеник од СВР Битола, по што го напуштил местото на настанот. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.05.2020 во 14.12 часот во СВР Битола, битолчанец пријавил дека на ул. “Прилепска“ во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и 61 годишник од Битола од една страна и 48 годишен исто така од Битола од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.05.2020 во 20.55 часот во Полициска станица Битола, било пријавено дека на паркинг во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу тројца мажи на возраст од 43, 39 и 22 години од една страна и 30 годишник од друга страна, сите од село Баница- Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.05.2020 во 19.15 часот во СВР Битола, 66 годишна битолчанка од Битола пријавила дека нејзиниот брат на возраст од 63 години се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.






