Пандемијата со COVID 19 која ја зафати и нашата земја донесе потреба, уште во почетокотот на месец април, за зголемување на капацитетот и функционалноста на инфективното одделение и одделот за пнеумофтизиологија во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Новиот начин на работа и лекување на ваквите пациенти бараше санација и адаптација и опремување на просторот за да може да одговорат на новонастанатите потреби.
Имајки го во предвид ограничениот буџет на Клиничка болница – Битола како и важноста целокупната работа да биде направена во најкраток временски период, раководството на АМД “Ѓорѓи Наумов“ од нашиот град покажа искрена желба да помогне што поуспешно да се справиме во надминувањето на состојбата.
–Како фирма која секогаш знаела да ја дава својата пордшка на заедницата, а особено кон нашата болница донесе одлука за доделување на средства во износ од 1.000.000 денари наменети за санација на просторот и друга техничка поддршка како и купување на опрема, велат од Клиничката болница.
Со донацијата набавена е следната опрема: 2 (два) BISTOS-BT770 Мултипараметарски пациент монитори BT 770 , 10 KM-SPO2 Пулсоксиметар и 10 MED-SPO2 Пулсоксиметар – MySpO2, 10 дозни автоматски – надзидни за двостепен приклучок на О2 со содветен стандард, 20 назални маски за О2 за восрасни и деца, 20 целосни маски за О2 за возрасни и деца. 5 регулатори за кислород и овлажнувач на воздух со флоуметар.
Раководството на Клиничка болница Битола, во име на врабоените, пациентите и битолчани им се заблагодарува за нивната несебична подршка во овие тешки времиња како за здравствените работници така и за целата заедница.

АМД “Ѓорѓи Наумов“ со милион денари донација за инфективно одделение при Клиничка болница
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на помирувањето меѓу Франција и Германија (фото)
- In memoriam: дипл. арх. Димитар Ивановски – Митац
- Деновиве пред 10 години: 7. издание на Фестивал на музика од светот во Битола, настапи Наташа Атлас (фото)
- Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело на Општина Битола за проф. д-р Георги Здравев (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: како во октомври 2015 изгледаше стадионот под Тумбекафе и како беше околу него (фото)





