Press "Enter" to skip to content

Виртуелна реализација на дел од “ЕРАЗМУС +“ активностите во  “ОУ Даме Груев“

Основното училиште Даме Груев во месец Март беше домакин на три земји учеснички во реализација на активности од  проектот Малцинствата во Европа кој е во времетраење од 2 години.

Активностите се реализираа во најдобар ред започнувајки  со   традиционално добредојде со локум и чаша вода и запознавање со училиштето каде учат нашите ученици .Гостите се запознаа со нашите традиционални македонски ора кој ги презентираа ученици од нашето училиште

За време на нивниот престој учествуваат во  реализација на активност  (мозаик работилница)–,Камењата имаат душа,, од страна  на наставник Весна Дунумагловска каде учениците не само што се запознаа со оригиналната техника на изработка на мозаик туку и  видоа дека работа во еден ваков муликултурен  клас е нешто што ја збогатува наставата и амбиентот за учење.Гостите се запознаа и со културно историските споменици на нашиот град,нашата стара архитектура, Хераклеја и сл.Поради пандемијата  останатите планирани активности  нашето училиште во договор со директорката и проектниот тим се реализираа он лине заедно со нашите ученици.

Он лине изложба – организирана од наставник  Соња Јанкуловска во  која се изложени постери изработени  од секој  партнер од проектот Германија,Турција,Романија и Македонија   на кој се прикажани културата,традицијата,обичаите и храната на таа земја.

https://prezi.com/p/x6qnvlyhujps/?present=1

Он лине работилница -Чувари на традицијата организирана од наставник Билјана Додовска Георгиев а се однесува на запознавање со фолклорните ноти на националното богатсво на земјите учеснички од проектот.

Иако во вонредна состојба уште еднаш се докажува   големиот ентузијазам на нашите ученици да запознаат и научат нешто ново.

Сето ова а  да не го заборавам другарувањето кој е неизоставен дел од ваквите активности  им го овозможи на нашите ученици овој Еразмус проект-посочи на крај координаторот Соња Јанкуловска.

More from БитолаMore posts in Битола »