Press "Enter" to skip to content

Битолскиот спорт во корона: Филип Трајчевски, голман на ФК Пелистер

Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекинаа сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.

Денес фудбалерите на Пелистер, сопственикот, Управата и љубители на фудбалот ја примија веста која сите ја очекуваа, а тоа одлуката на Фудбалската федерација на Македонија, екипата на Пелистер од идната сезона да се натпреварува во Првата фудбалска лига. 

Пред да го започнеме разговорот со голманот на Пелистер, Филип Трајчевски, за како тој го помина времето во карантин, за време на корона, го запрашавме како е да се биде прволигашки голман на Пелистер.

-Ова е одлуката која ја очекувавме сите, Пелистер да биде прволигаш, во Битола, под Тумбекафе да се игра прволигашки фудбал, а ние да бидеме на терен против најдобрите екипи. Според мене пласманот не е незаслужен според она што ние бевме први на табелата по завршување на есенскиот дел, а потоа и први пред прекинот на натпреварувањата, вели Филип Трајчевски, а ја поврзува мислата со тоа како беше Пелистер пред прекинот на натпреварите во Втората фудбалска лига.-Од почетокот на сезоната па се до прекинот, како претходно реков, бевме на врвот на табелата во ВМФЛ – Запад. После одлично поминати зимски подготовки ние веднаш покажавме доминантност, со победа на домашен терен против екипата на Кораб со резултат 3:0 и после тоа следуваше тежок натпревар, во гости против Влазерими, каде исто така победивме со 2:0. Потоа следуваше прекинот на натпреварите што за мене и сите останати беше шок, по толку години тренирање, подготовки, тренинзи, порази, победи, наеднаш дома, без фудбал, беа топка.

Како го поминуваше времето во карантин, дома, Трајчевски вели:

-Веднаш по соопштувањето на одлуката за прекин на се што е поврзано со фудбалот, а посебно тоа дека не смееме да тренираме во групи ние добивме добра тренинг програма од тренерот Зоран Стерјовски. Се она што ми беше дадено како домашна задача од тренерот јас совесно го одработив. Во карантинот јас тренирав, а се уште тренирам, доста напорно со помош на мојот брат за да не ја изгубам посакуваната форма. Но, мора да кажам дека она што го тренираме дома, секоја сам, не може да го замени она што го работиме на стадион, сите заедно, некогаш со посилно темпо, некогаш со послабо, со дружење, со мајтапи кога се одмараме.За како понатаму Филип вели:

-Јас посакував, искрено, а се мислам дека и останатите фудбалери, сите сакавме да ги доиграме натпреаврите и на терен уште повеќе да ја покажеме нашата доминација на теренот, а како што ќе одминуваше сезоната ќе беше поголема. Јас посакував прославата за пласман во Прва лига да се случи на терен, а не вака преку соопштение. Но, таква е состојбата, не само кај кај нас, туку и во сите држави со коронавирус. Пелистер веќе е во прва лига, а јас и сите фудбалри, со Господ напред, продолжуваме понатаму. Не очекуваат силни и напорни подготовки до стартот на новата прволигашка сезона, а кога ќе за почне посакувам, на новиот лик на стадионот, лично да имам добри одбрани, добри натпревари, победи, а најважно Пелистер да биди светла точка на спортот во Битола. А пласманот на терен ќе биде подарок за 75 роденден на клубот.

More from СпортMore posts in Спорт »