Press "Enter" to skip to content

ЈЗУ Центар за јавно здравје: шест битолчани се лекуваат од ковид-19, од вкупно 28 заразени

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола денес преку социјалните мрежи ја соопшти анализата во врска со ковид 19, за досегашните статистички податоци, за број на земени брисеви – 717, позитивни резултати – 32, болеста сеуште е во тек -6 и други податоци. 

Сопштението на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола го пренесуваме во целост:

Заклучно со 29.05.2020 во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се вкупно 717 брисеви за COVID-19 од кои 319 по епидемиолошки индикации (лица кои што ја исполнуваат дефиницијата на случај, здравствени работници на кои им истекува здравствениот надзор за COVID-19 и др.), 69 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 329 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 32 лица, од кои 28 се со место на живеење во Битола, 3 во Кичево и едно лице во Демир Хисар.

Според исходот на заболувањето кај 7 лица болеста сеуште е во тек (6 од Битола и 1 од Кичево), 23 лица се оздравени и кај 2 лица има смртен исход.

Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек, две лица се хоспитализирани, а петмина се на домашно лекување.

Возраста на заболените се движи од 5 до 85 годишна возраст, со најголем број на заболени во возрасната група од 30 до 39 години, а во однос на дистрибуцијата по пол заболени се 18 лица од машки и 14 лица од женски пол.

Од вкупниот број на заболени лица, 9 се здравствени работници (8 од Битола и еден од Демир Хисар) и сите се оздравени.

Вкупно 300 лица се ставени под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола