Press "Enter" to skip to content

Битола полека оздравува од ковид-19, оздравени уште двајца, само 4 активни случаи

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти.

– Скопје 8
– Куманово 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 2
– Неготино 2

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 22
– Куманово 4
– Штип 1
– Тетово 6
– Струга 1
– Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 28.804 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово.

Досега во рамките на скринингот се направени 3.502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.164, бројката на оздравени пациенти е 1.535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.

More from ВестиMore posts in Вести »