Press "Enter" to skip to content

Уписот на првачињата тема на “он-лајн“ состанокот на секцијата психолози и педагози

Секцијата на членови на стручните служби психолози, педагози, дефектолози одржа “он- лајн“ состанок пред почетокот на уписите на ученици во прво одделение. На овој состанок на дневен ред беа прашања поврзани со упис на првачиња.  Оваа година заради вонредната ситузација со пандемијата запишувањето на учениците во прво одделение за оваа учебна 2020/21 започнува на 1 јуни.  

Врз основа на одредбите на Законот за основното образование учесниците на секцијата дискутираа за завземање на заеднички ставови при уписот кој оваа година заради пандемијата ќе се врши според посебен  протокол со спроведување  мерки на заштита.  Секој учесник изнесе свое излагање и низ дискусија  произлегоа заклучоци со кои сите се сложија. 

Донесените заклучоци се засновани врз основа на  одредбите на Законот за основно образование, но и се истакна   дека оваа година за прв пат се среќаваат со предизвик да запишуваат првачиња во посебни услови. Во овие вонредни услови  најважно од се е заштита на учениците  кои се запишуваат, но заштита на сите оние кои ќе присуствуваат при уписот. Заради ова со претходно упатени покани се известуваат родителите и детето за денот на запишување, во одреден термин за да има одреден период за спроведување на мерките за дезинфицирање. Уписот ќе се спроведува по строго пропишаните протоколи донесени од МОН  Заради мерките на претпазливост еден родител присуствува при уписот и треба да го донесе детето со носење на задолжителна маска. На влезот од училиштето се спроведуваат дезинфицирања. Во просторијата каде ќе се врши уписот  запазени се исто така мерките  со дистанцирање. Членовите на комисијата за упис, која е формирана претходно од директорот на училиштето, присуствува при уписот во просторија во која ќе бидат запазени мерките за дезинфекција на просторијата, површините на клупите, приборот за пишување,  дистанца, носење маски. После секое дете се врши дезинфекција на приборот, површините и просторијата.

 Другите заклучоци беа донесени според одредбите  на законот за  основно образование дека  Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување.

Децата во прво одделение во основното училиште оваа учебна 2020/21 се запишуваат во месец  јуни, а уписот ќе трае до месец јули.  

При запишувањето на детето во прво одделение, родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, потврда за задолжителен систематски преглед, стоматолошким преглед издадени од надлежна здравствена установа, и извод од матична книга на роденте. Родителот (старателот) има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Родителот, односно старателот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон, ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува и од училиштето од реонот во кој живее или каде што постојано престојува.

Списокот на децата од реонот за запишување во основното училиште се добива од надлежните  служби  во единицата  на  локалната  самоуправа,  кои  водат  евиденција  на постојаните и привремените жители.

Запишувањето  на  детето  во  училиштето  го  врши  комисија  која  ја  формира директорот на училиштето. Комисијата е составена од педагог, психолог и наставник за предучилишно воспитание, односно одделенски наставник. Исто така, родителот има право да го запише во основно училиште детето со посебни образовни потреби. Начинот и условите за запишувањето на учениците со посебни образовни потреби во основните училишта ги утврдува министерот, по предлог на Бирото. За овие ученици, кои се запишани во редовните основни училишта, училиштето формира инклузивен тим составен од педагогот, односно психологот во училиштето, наставникот на ученикот, родителот, односно старателот на ученикот, дефектолог, доколку има во училиштето

Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок, детето  може  да  се  запише  во  прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.