Press "Enter" to skip to content

Андре Бутурац од Еурофарм Пелистер 2 премина кај Кире Лазаров-Голден Арт КЛ7

Ракометарот Андре Бутирац кој играше на позицијата десен бек во тимот на Еурофарм Пелистер 2 од наредната сезона, во нередните две, ќе ги брани боите на новиот суперлигаш Голден Арт КЛ7, или попознато за љубителите на ракометот клубот на капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

Новиот клуб на Бутурац преку социјаните мрежи му посака добредојде и на официјалната страна на клубот напишаа:

-Создавањето и ангажирањето на млади македонски ракометари е идејната цел на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7. Клуб кој вложува и дава можност на талентирани млади играчи да покажат и докажат дека може да се игра и да се постигнуваат резултати и со домашни играчи. Во следните две години клубот се засилува со битолчанецот кој има европско искуство, Андре Буторац, играч на позиција десен бек, роден 2001 година а минатата година беше дел од суперлигашкиот тим Пелистер од Битола.