Press "Enter" to skip to content

Аптека “Роса Вита“ продолжува во работа 24/7 во продолжената вонредната состојба

За време на вонредната состојба која е продолжена за 14 дена, аптеката “Роса Вита“ ќе работи нон-стоп, 24 часа, а за битолчани кои имаат потреба од било каков лек организира и достава во домовите.

-Продолжуваме со работно време на кое веќе се навикнавме, 24 часа на ден, седум дена во неделата. Па така ќе биде и за време на продолжената вонредна состојба во државата, вели Сузана Димовска од аптеката “Роса Вита“.

Сите оние кои имаат потреба од било каков лек, истиот може да им биде доставен на домашна адреса, нарачката можат да ја направат на телефоните 047/236-468 и 070/373-272, кај дипл. фармацевт Сузана Димовска.

Аптеката “Роса Вита“ се наоѓа на влезот во Старата битолска чаршија, наспроти “Брза помош“, во Домот на народно здравје – Уредот.