Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: и денес продолжува нестабилно време

И за денес, недела, 31 мај, последниот ден во месецот, Управата на хиромеоролошки работи со временска прогноза слична, како и претходните денови.

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=6. Температурата денес во Битола од 7 до 21 степени.

За утре прогнозата гласи: променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. УВ=6. Во Битола од 9 до 19 степени.

More from БитолаMore posts in Битола »