Press "Enter" to skip to content

Нема нов позитивен на ковид-19 во Битола, има уште еден оздравен

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19, од кои  Скопје 24, Куманово 2, Штип 14, Тетово 12, Струга 4, Велес 1, Гостивар 3, Кочани 1 и Валандово 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и тоа во Скопје 5, Тетово 9, а по еден оздравен пациент од ковид-19 има во Куманово, Гостивар и Битола 1. 

Со овој оздрваен битолчанец во Битола остануваат уште три активни случаи на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1.552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

More from ВестиMore posts in Вести »