Press "Enter" to skip to content

Носителката на листата за 5 изборна единица Радмила Шеќеринска во Битола

Носителот на листата кандидати за пратеници во петтата изборна единица Шекеринска беше во Битола, заедно со битолските кандидати за пратеници, Бисера Костадиновска Стојчевска, Горан Козаров и Петар Николовски и останатите кандидати.

Шеќеринска имаше средба со регионалниот изборен штаб и кандидатите за пратеници во изборната единица 5, а потоа на отворено пред Центарот за култура одржа пред конференција, на која рече дека донесовме заклучок дека ни се потребни избори час поскоро, во првиот можен рок.

-Согласно прогласената нова вонредна од 2 недели, и согласно законските рокови, 5 јули е точниот датум кога ќе се одржат изборите. Навлегувањето во други датуми по 5 јули носи опасност да се загрози гласачкото право на граѓаните, бидејќи ќе го спротивстави со правото на одмор. Ние не смееме да си дозволиме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови. На ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето. Но, и обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните и несфатлици идеи изборите да се организираат среде лето. Во исто време, опасна и неразумна е идејата изборите да бидат наесен. Како општество, како одговорни поедници, не смееме да дозволиме државата да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Токму овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19 и последиците од него, рече Шеќеринска.

-Затоа, изборите мора да се одржат на истекот на 22 дена по завршување на вонредната состојба односно во конкретниот случај на 5 јули. Не постои никаков друг правен механизам, без разлика колку и тоа да не им се допаѓа на одредени политички партии и лидери. Добро ќе беше овој датум да се потврди и со консензус, но мора да знаеме дека имаме одговорност пред државата, пред граѓаните и нивното здравје, рече Шеќеринска.

На престојните парламентарни избори, кои се бара да се одржат на 5. јули, СДСМ и коалицијата вклучија тројца битолчани во листата за кандидати за пратеници од петтата изборна единица, кои беа денес присутни на прес-конференцијата.

Денес, свое обраќање имаше и кандидатот за пратеник Јован Митрески од Охрид, кој е втор на листата во 5 изборна единица.

More from ВестиMore posts in Вести »