Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: и јуни го започнуваме со променливо време

До среда ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од четврток се очекува значително потопло време.

За денес, понеделник, 1 јуни, метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. УВ=6. Температури во Битола, слични како изминатите денови од 9 до 19°С.

Утре, вторник, 2 јуни, не очекува претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно со локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. УВ=7