Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 потпиша договори со уште четворица млади ракометари

Талентираните ракометари Симон Мирчевски, Дејан Југовски, Димитар Бардакоски и Христијан Митревски попладнево потпишаа четворогодишни договори со Еурофарм Пелистер.Продолжува екипирањето на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 за сезоната која се очекува да започне наесен. Клубот постигна согласност за продолжување на договорите со талентираните ракометари од Битола, а четворицата “ракоеметнибисери“ попладнево ставија потпис на четиригодишен договор со матичниот клуб.Десните бекови Симон Мирчевски и Дејан Југовски, голманот Димитар Бардакоски и левиот бек Христијан Митревски се дел од младинскиот состав на Фарук Мемиќ.Четворицата денес позираа при потписот со спортскиот директор на клубот Димитар Митревски.Следната сезона се очекува нивни настап во Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата, а Еурофарм Пелистер е единствениот клуб кој пријави две екипи во елитната категорија, откако вторите екипи на Вардар и Металург ќе ги нема во Супер лигата.