Press "Enter" to skip to content

Започна уписот на првачињата, под посебни протоколи во Битола ќе се запишат 1.020 првачиња

На ниво на општина Битола според списокот на МВР од септември во училиштите клупи би требало да седнат 1.020 првачиња, а потребните документи за упис остануваат исти како од минатата година.

В основните училишта во Битола, од денеска до 30 јуни ќе се запишуваат ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година откако роковите за упис со уредба на Владата беа одложени за еден месец поради заштита од заразата со КОВИД-19.

Запишувањето на првачињата се врши и со тестирање, кое вклучува разговор на детето со психолог, педагог, а по потреба и дефектолог, а  училиштата се подготвени да го спроведат уписот на првачињата почитувајќи ги протоколите за упис.Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се во јуни и родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат децата во основните училишта, а тие до 15 јули треба да ги објават резултатите.

Владата во петокот на седница усвои протокол за спроведување на уписот на првачињата со утврдени мерки за заштита на јавното здравје и спречување да се шири коронавирусот.

Според протоколот, уписот се спроведува во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето. Треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете. Во паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.

More from ВестиMore posts in Вести »