Press "Enter" to skip to content

Се уреди стопанскиот двор на ЈКП “Водовод“ (фото)

По уредувањето на дворот во филтерницата кај село Дихово, ЈКП “Водовод“ го уредува и стопанскиот двор, по што површините добија нов, лик и се пофинционални.Деновиве во стопанскиот двор на ЈКП “Водовод“, асфалтира платото пред објектите, а претходно оваа површина се исчисти, израмни и тампонира.Покрај уредувањето дворот ЈКП “Водовод“ направи и сталажа за водоводните цевки кои ги има претријатието на залиха и како резервни делови. Сега сите водоводни цевки се складирани по димензии и по сите стандарди и регулативи за јавните комунални претријатија. Јавното претпријатие ги следи европските стандарди во модернизација на водоводните претпријатија, а во таа насока се сите преземени активности на водоводната мрежа, просторииите, возилата.