Press "Enter" to skip to content

Јетмир Зекири уште една година ќе биде кошаркар на Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер и Јетмир Зекири се договорија тој да биде кошаркар на КК Пелистер уште една година. 

Зекири добро ја одигра минатата сезона во зелено-белиот дрес и се обврза на едногодишен договор со битолскиот прволигаш, кој треба деновиве и официјално да се потпише.

По новите три засолување, Зекири и е првиот кошаркар од годинашниот состав кој доби понуда од Управата на клубот за продолжување на соработката. 

Јетмир Зеќири, кој дојде минатата сезона од екипата на Кожув.

Инаку, Пелистер потпиша договори со нов тренер Марјан Илиевски, кој ќе го води клубот идната сезона и со кошаркарите Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ, а кошаркарската јавност е во очекување на странците кои ќе играат за Пелистер, а и на оние кои ќе останат во клубот.