Press "Enter" to skip to content

Ангела Лавровска сними кавер на познатиот хит “Someone you loved” (фото+видео)

Ангела Лавровска е ученичка во СОУ “Таки Даскало“ од Битола, има само седумнаесет години, а љубовта кон музиката ја негувала од мали години.Ангела пеела и настапувале само пред своите родители, кои никогаш не помислувале дека Ангела ќе ја надмине својата срамежливост, за еден ден да ги покаже своите способности пред публика.

За надминувањето на својата срамежливост, се потпира и врз искуството на @Tyrion Production, чија соработка започнала со запишувањето во средно училиште. Таа соработка ќе продолжи, и ќе прикаже уште многу понатамошни успеси, бидејќи се темели на длабока доверба и разбирање.Деновиве, Ангела Лавровска сними кавер на познатиот хит “Someone you loved”, а кој веќе има значителен број на прегледи на “ју-туб“ каналот.