Press "Enter" to skip to content

Голманот Никола Митревски потпиша за Порто, Порто му посака добредојде

Со денешното официјализирање на договорот битолчанецот, голманот Никола Митревски го разреши дилемите, а тој сега е голман на ракометниот клуб Порто, орвакот на Потругалија. 

Денес и португалскиот клуб го официјализира трансферот, а на Никола Митревски, на нивната официјална веб-страница, му посака добредојде во клубот.

На Никола Митревски ова ќе му биде втор договор со португалски клуб, а во 2015 година потпиша договор со Бенфика.

Претходно имаше дилеми каде Митревски ќе ја продолжи кароерата, а во комбинација беше и европскиот шампион Вардар.

Покрај настапите за Еурофарм Пелистер, тој беше дел од Вардар и Металург, како и од романската Констанца, од каде се врати во Битола.