Press "Enter" to skip to content

“Hybrid Mind“ креативно разубавувија уште еден градски простор (фото)

Уште едно креативно разубавување на градски простор во Битола од вештите раце на “Hybrid Mind“.Овој пат во населба Баир, во рамките на иницијативата Урбан Баир, како дел од проектот на Фондација Преда Плус “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми” реализиран со партнерска поддршка од Општина Битoла и НВО “Баирска Светлина“.Проектот е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).Цртањето на ѕидот во месната зедница “Димитар Влахов“ е дел од герилските активности планирани во рамките на проектот за вклучување на жителите од населба Баир во постојните трендови и настани во општината.