Press "Enter" to skip to content

Битола и денес без новозаболен од ковид-19, во државата 101 нов случај

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19, од кои Скопје 59, Куманово 12, Штип 7, Прилеп 1, Тетово 5, Струга 6, Велес 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 3, Кочани 3 и Пробиштип 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти во9 Тетово 8 и во Велес 2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.