Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тројца возеле пијани, 13 возеле побрзо од дозволеното, а 4 без возачка…

На 02.06.2020 година полициските службеници од СВР Битола извршиле контрола на брзина, контрола за алкохол, техничка исправност на возилото, користење сигурносен појас, зборување на мобилен телефон при управување возило, поседување на возачка дозвола.

Притоа констатирани се седум нерегистрирани возила, четири возачи управувале возила без возачка дозвола, под дејство на алкохол управувале три лица и тие се исклучени од сообраќај, брзината ја надминале 13 возачи, сигурносен појас не користеле тројца возачи, а двајца други зборувале на мобилен телефон додека управувале возило.

За сите неправилноти издадени се соодветни налози.

More from ВестиMore posts in Вести »