Press "Enter" to skip to content

Денес 120 новозаболени, во Битола 14-ти ден нема, 1 оздравен, само 2 активни случаи

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје 67, Куманово 19, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9, Велес 2, Гостивар 1, Неготино 1 и Струмица 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти од кои  во Скопје 8, Штип 3, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1 и Битола 1.

Според последните статистички податоци за состојбата со ковид-19 во Битола, 14-ти ден во Битола нема нов случај на коронавирус, а во Битола има уште двајца кои се водат како актуелни случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

More from ВестиMore posts in Вести »