Press "Enter" to skip to content

Цвеќе во чест на тројцата бранители кои загинаа 2001 година кај Гајре (фото)

Одделението за одбрана од Битола, денес органираше полагање на цвеќе во чест и слава на битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник, посветен на загинатите бранители, цвеќе положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци, припадници на АРМ, одделенито за одбрана од Битола, претставници на СДСМ, преставници на Синдикатот на РЕК “Битола“ и други.Како и секоја години тука беа и положија цвеќе семејствата, односно најблиските на загинатите Силјанов, Миленковски и Матичевски, со солзи во очите и тага во нивните срца. -Изминаа  19 години од немилиот настан, но чувствата не не одминуваат дека нашите сограѓани недостигаат, меѓутоа, како што велам секогаш ваквите моменти, малку повеќе треба да не отрезнуваат, како ние се однесуваме и во чувањето на споменот кон нив и во возвраќањето на долгот кон сите нив, а секако и со нашата борба да го подобруваме општеството во кое живееме, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која ја искористи можноста за уште еднаш да упати сочуство кон семејствата за нивната голема загуба на најблиските. -Одделението за одбрана традиционално од 2003 година, го одржува овој настан посветен на нашите сожители кои го изгубија животот во 2001 година во извршување на борбени задачи во составот на резервниот состав на АРМ. Оваа година поради вонредната состојба ќе има само полагање на цвеќе, а нема да се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“, рече Менде Солунчевски од одделенито за одбана во Битола.По полагањето на цвеќето кај споменикот “Ангел“ делегациите се упатија и положија цвеќе и пред споменикот во поранешната касарна во Битола.                                               С.Р.

 

More from ВестиMore posts in Вести »