Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: облачно со појава на повремен дожд со грмежи

За денес, сабота, 6 јуни, метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи, за временската прогноза велат дека од изутрина во Битола и Пелагонискиот регион ќе има појава на повремен дожд. Преку денот ќе биде променливо облачно со повремено засилен јужен ветер. Повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. УВ=6. Температурата во Битола ќе се движи од минималната од 12 до максималната од 21°С.

Малку до умерено облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи особено на југот. УВ=7.